Реџепи: Сакав да дојдам во Собрание, но се пишманив бидејќи стравував од вербален и физички напад

Реџепи Кастриот/ Фото: Драган Митрески

Јас сум мирен, со чиста совест. Нема поголема чест да ја водиш својата земја на патот кон слободатa, демократијата, кон НАТО и ЕУ. Самоволно се засолнив на денот на седницата за доверба на Владата, за да не дозволам земјата да ни отиде во правец кој е спротивен на мојата идеолошка определба, рече пратеникот Кастриот Реџепи кој првпат се обрати во јавноста откако не присуствуваше на седницата и пораdи него пропадна обидот на опозицијата да ја урне Владата.

Тој посочи дека имал закани по живот, но не прецизира oд кого ги добил. Тој рече дека пораките со закани ги пријавил во институциите.

Реџепи рече дека додека не му се смени статусот, ќе дејствува во рамките на Беса, иако партијата го исклучи од своите редови.

Тој нагласи дека првично имал намера да дојде на собраниската седница, но оти сценариото било мнозинството да не влезе во сала, а тој се пишманил стравувајќи од вербални и физички напад.

Тој рече дека Беса се уште е во власта, кога ќе решат партиските органи дека не се дел од мнозинството, тогаш ќе реши како ќе дејствува. Според Реџепи, не се излегува од влада со изјава за медиуми и преку Фејсбук.

(ВИДЕО) Кастриот Реџепи: Да нема забуни, самоволно се засолнив за да не отиде земјата во погрешен правец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот