Речиси 400 черепи од мајмуни запленети на аеродром во Париз, требало да стигнат во САД

Аеродром Париз/ Фото Sandrine Marty / AFP / Profimedia

Царинските службеници на главниот париски аеродром заплениле стотици черепи од заштитени видови мајмуни, кои требало да се користат како награди или подароци.
Тие черепи и черепите на други животни главно биле во пакети кои пристигнале од Камерун, соопшти вчера царината на аеродромот Шарл де Гол.

Примателите требало да бидат колекционери и ловечки клубови во САД. Некои од пакетите содржеле цели животни.

Ниту една од пратките немала потребна дозвола, а царинските службеници речиси секојдневно откриваа такви пратки на најголемиот француски аеродром.

Освен мајмуни, шверцувани се и други видови како видри, големи мачки, мајмуни и птици грабливки, соопштија цариниците.

Повеќе од 700 черепи од мајмуни и животни запленети меѓу мај и декември 2022 година, царината вчера му ги предала на Природонаучниот музеј во Екс-ан-Прованс, кој има намера да ги истражи и изложи, објави Ал Џезира.

„Згрозен сум кога мислам дека нашите најблиски роднини, големите мајмуни, се десеткувани, а на дождовните шуми им се одзема загрозениот биодиверзитет поради нешто што е и глупаво и скандалозно“, рече експертот за мајмуни во музејот, професорката Сабрина Криф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот