Рецепт за посна мусака со компири и соја, ќе уживате во секој залак

Фото: Профимедиа

Мусаката е омилено јадење на балканските простори. Освен рецептите за традиционалната со компири и месо, денеска ви го носиме новиот кулинарски тренд – мусака со компири и соја. Ова јадење се прави без месо, а со вкусот ќе ве освои на прв залак. Ако имате дилема што да подготвите за ручек, тогаш изборот може да ви биде токму оваа мусака.

Состојки:

– 6-7 компири
– 1 главица кромид
– 2 дл млеко од соја
– 4 лажици соја снегулки
– масло за подмачкување
– 2 лажички сув билен зачин
– половина лажичка копар
– 1 домат
– сол

Подготовка:

Младиот кромид пропржете го со соја, која претходно била натопена во топла вода, па потоа била процедена. Потоа додајте една лажичка сув билен зачин и добро измешајте. Во подмачкан огноотпорен сад наредете ред компири исечени на прстени, па нанесете половина од филот од соја, ред компири, фил од соја и на крај покријте со компири. Врз компирите наредете ги исечените домати. Печете ја мусаката 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Во млекото од соја додајте една лажичка суви билни зачини, сол и копар. Извадете ја мусаката од рерната, прелијте ја со млеко и печете уште 45 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот