Фото: congerdesign / Pixabay

Рецепт за мафини со тиква: Секој залак е рај за непцата

Сочни мафини направени со кралицата на есента – тиквата. Ќе уживате и во нивниот вкус и во аромата што ќе се шири во вашиот дом.

Состојки:

– 200 грама тиква
– 150 грама шеќер
– 150 грама брашно
– половина лажичка цимет
– половина ќесичка прашок за печиво
– 60 мл масло
– 2 јајца
– половина грст крупно сечкани ореви
– 1 дл кисела павлака
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 1 лажичка шеќер
– малку сок од лимон

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја тиквата во блендер и добро изблендирајте. Додајте шеќер, брашно, цимет, прашок за печиво, масло, јајца и ореви. Соединете и сипете во калап за мафини обложен со хартија за печење. Печете околу 20 минути, во рерна загреана на 180 степени. Во сад измешајте ги киселата павлака, шеќерот и сокот од лимон. Испечените мафини прелијте ги со една лажичка од преливот. Уживајте во секој залак!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот