Рецепт за карамелизирани јаболка, уживање за секое непце

Фото: Профимедиа

Слатките и вкусни јаболка обвиткани со растопен шеќер се сервираат изладени. Одлично изгледаат на трпезата што вистински ја развеселуваат, а особено децата не можат да им одолеат! Може да ги прелиете и со растопено бело чоколадо или, пак, да ги попрскате со сечкани лешници.

Состојки:

– 2 шолји шеќер
– 3/4 шолја вода
– 1/2 шолја пченкарен сируп
– 1 лажичка боја за храна (црвена)
– 1/2 лажичка цимет
– 4 јаболка
– 4 дрвени стапчиња (на пример, стапчиња за сладолед).

Подготовка:

Во сад за готвење со подебело дно помешајте ги шеќерот, пченкарниот сируп, водата, бојата и циметот.
Оставете да зоврие на најниска температура, постојано мешајќи. Смесата варете ја околу 20 минути додека да стане густа и целиот шеќер да се растопи.

Плехот обложете го со хартија за печење и премачкајте го со малку путер за јаболката да не се залепат за хартијата.

Пресечете ги дршките од јаболката, доколку ги имаат и во средината на секоја забодете го стапчето (не до крајот). Со подготвениот растопен шеќер прелијте го секое јаболко врз хартијата за печење и оставете да се изладат.

Додека се ладат, може да ги попрскате со исечкани лешници или, кога потполно ќе се изладат, половината од јаболката да ја прелиете со растопена бела чоколада. Ќе добиете фантастични карамелизирани јаболка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот