Рецепт за домашни пица ролнички, готови за 15 минути

Фото: Wow_Pho Needpix

Рецептите за лиснато тесто се пригодни кога немате време да месите и сакате убави домашни печива.

Набавете лиснато тесто и направете ги овие супер ролни за пица! Можете целосно да ги прилагодите на вашиот вкус, да ги ставите во рерна и да имате топли печива за само 15 минути.

Состојки:

– 1 пакување лиснато тесто
– 200 грама сирење
– 150 грама шунка или салама (по избор)
– грст маслинки
– оригано
– кечап

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени, обложете ја тепсијата за печење со хартија за печење. Расукајте го тестото во дебелина од околу половина сантиметар, намачкајте со кечап, посипете оригано и потоа нанесете фил – рендан кашкавал, шунка или салама, сечкани маслинки…

Секако, на пицата можете да ставите што сакате, како, на пример, зеленчуци, разни сувомесни деликатеси, фета-сирење, спанаќ… Важно е овие работи да бидат ситно исечкани за да можете да го свиткате тестото.

Започнете од најдолгата страна и свиткајте го тестото во облик на колбас. Потоа, исечете го на два прста дебелина. Ролничките ставете ги на хартија за печење и печете додека убаво не поруменат.

Послужете ги топли!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот