Реал по петти пат триумфира во Суперкупот на УЕФА, Бензема стана втор стрелец во историјата на „кралевите“

Карим Бензема го помина легендарниот Раул на листата на најдобри стрелци во историјата на Реал Мадрид/фото: EPA-EFE/Petteri Paalasmaa

Фудбалерите на европскиот шампион Реал Мадрид триумфираа во Суперкупот на УЕФА откако во Хелсинки со 2:0 го совладаа победникот во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт.

Тренерот Карло Анчелоти на теренот на Националниот стадион во Хелсинки истрча со идентичниот тим кој го победи Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите, додека Ајнтрахт играше без еден од своите најдобри играчи, Филип Костиќ кој замина за Торино на потпишување на договор со Јувентус.

Голоците на Реал Мадрид ги постигнаа Давид Алаба во 37 минута и Карим Бензема во 65 минута.

Со голот во второто полувреме, Бензема испиша историја на „кралскиот клуб“, дојде до 324 гол во дресот на Реал Мадрид со што го престигна легендарниот Раул на второто место на листата на најдобри стрелци во историјата. На првото место се наоѓа Кристијано Роналдо кој има постигнато дури 126 гола од Бензема во дресот на Реал Мадрид.

Триумфот во Хелсинки го запиша и тренерот Карло Анчелоти во книгата на рекорди. Италијанецот по четврти пат триумфира во Суперкупот на УЕФА и го остави Пеп Гвардиола на три триумфи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот