Реакција на Шкендија: На Чаир се играше сè, само фудбал не

Возбудливиот натпревар во Чаир заврши без победник/ фото: ФК Шкендија

Дербито на 17 коло во првата фудбалска лига помеѓу Шкупи и Шкендија заврши без победник 1:1, а тетовци имаат големи замерки на судењето на главниот судија Дејан Јакимовски.

Во Шкендија велат дека уште во понеделникот кога беше познато дека Јакимовски ќе биде главен судија, доставиле барање до ФФМ за изземање на главниот судијата, но биле одбиени. Тетовските „црвено-црни“ исто така имаат и забелешки и за домаќинот Шкупи кој дозволил на теренот во неколку наврати да влегуваат навивачи.
Соопштението на Шкендија ви го пренесуваме во целост:

ФК Шкендија смета за должност да ја извести целокупната јавност дека денеска на Чаир се играше све, само фудбал не. Дека денеска нема да се игра фудбал во Чаир беше јасно од понеделник кога како главен судија беше делегиран Дејан Јакимовски. Делегирањето на овој судија за овој натпревар испадна онака како што ние очекувавме, како добро организиран од разни кујни од повисоки нивоа, кои што се чини дека одлучиле и оваа година да ја оштетат Шкендија. ФК Шкендија веднаш по објавата на делегирањето на овој судија, во понеделник, достави барање до ФФМ истиот судија се изземе како главен судија и на негово место да се делегира судија кој што е професионално докажан. Но ФФМ не само што не го одобри нашето барање, туку не даде ниеден службен одговор.

Дејан Јакимовски историски ја оштетил нашата екипа при делењето на правдата. ФК Шкендија последните години неколку пати барал горенаведениот да не се делегира на натпреварите на Шкендија поради неговиот субјективен пристап против Шкендија. Но за жал Федерацијата наместо да ги земе в предвид овие поранешни искуства на штета на нашиот клуб, го делегираше Јакимовски на најважниот натпревар од сезоната.

Во текот на целата денешниот натпревар, Јакимовски ја делеше правдата на селективен начин, судејќи непостоечки фаули, со јасна тенденција да влијае на крајниот епилог на натпреварот.

Ова не е првпат што во оваа сезона сме оштетени од страна на судиите, но политика на Шкендија никогаш не била да се занимава со реакции од овој вид, напротив секогаш сме биле концентрирани во изградбата на спортски капацитети и во изградба на нова екипа која ќе постигне резултати на европските натпреварувања.

ФК Шкендија исто така е разочарана од организаторот на овој натпревар, односно ФК Шкупи. Во текот на сите 90 минути се фрлени повеќе од сто шишиња и други тврди предмети кон нашите фудбалери и кон персоналот на клубот, при што во повеќе наврати настрадаа нашите играчи. Сцените кои што ги доживеевме денес како клуб не претставуваат спортски или други вредности, кои што сите ние како клубови ги промовираме и треба да ги негуваме, срамерно целите кои ги имаме.

Во неколку наврати после водството на Шкендија, домашната публика влегуваше на терен, а од трибините на ниту еден момент не изостана фрлањето на тврдите предмети и навредите. Иако сето ова се случуваше пред очите на судијата, тој дозволуваше играта да продолжи.

Иако од ФК Шкупи пред неколку дена изјавија дека е „добродојдена„ тетовската публика на овој натпревар на еден „европски стадион„, тоа што го видовме денеска докажува дека немаше минимални услови за безбедноста на играчите, персоналот и челниците на Шкендија, а камоли услови за тетовската публика, за што организаторот треба предвремено да гарантира безбедност од највисок ранг што спречува разни можни инциденти, земајќи ги в предвид и тие кои што можат да сносат фатални последици!

Нашите браќа од Скопје, со нивното недолично однесување, со навредите и пцовките не направиле ниту малку чест на двете знамиња кои изгледаа многу убаво на трибината на нивните навивачи, нивните постапки воопшто не се совпаѓаат со пораката што ја прави ова знаме!

Бараме ова да биде последен пат што гледаме вакви сцени на стадионите, и апелираме ФФМ да ги казни сите срамни дејствија на фудбалските терени, додека на важните натпревари како што беше овој денешниот, да се грижат делегирањето на судиите и организацијата на натпреварите да бидат на ниво што гарантира адекватни услови и натпреварувачки аспект на фудбалската игра. Додека во случаи на прекршоци да се превземат адекватни казниви мерки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот