Разговор со прим. д-р Петар Боровиќ: Силните антиоксиданси го скратуваат времетраењето на секаков вид вирусни инфекции

Фото: Прим. д-р Петар Боровиќ

Имуниот систем мора да остане во рамнотежа, особено кај пациентите кои веќе прележале вирусно заболување.

Прашањето за имунитетот ја следи корона-пандемијата уште од почетокот. А со оглед на брзиот раст на бројот на заболени и различните мутации на вирусот, денес тоа прашање е поважно од кога било. Поради тоа што ковид-19 погаѓа различни органи, исклучително важна е рехабилитацијата на пациентите. За ова актуелно прашање се консултиравме со прим. д-р Петар Боровиќ, кој повеќе од 30 години беше вработен во Центарот за промоција на здравје при Институтот за јавно здравје на Р. Србија, специјалист по општа пракса и авторитет во афирмација на здравиот начин на живот и здравата исхрана. Денес, д-р Боровиќ е и визитинг-професор на редовната додипломска и постипломска настава на Медицинскиот, Стоматолошкиот,

Фармацевтскиот факултет, како и на Воено-медицинската академија во Белград.

Како експерт, тој ни објаснува зошто вирусите напаѓаат и стануваат опасни за здравјето:

– На вирусите им требаат клетки домаќини за нивно размножување, па затоа ги напаѓаат сите живи организми. За да влезат во клетките, се прицврстуваат за нивните рецептори на мембраната, со помош на гликопротеини. Тогаш доаѓа до создавање, односно до спојување на новиот вирус и почнува размножувањето на вирусот, а потоа и излегување на вирусот за понатамошно ширење и ново размножување. Некои вируси остануваат скриени во клетките долго време, чекајќи го вистинскиот момент на пад на имунитетот. Меѓутоа, одбранбениот систем на организмот не ги уништува само вирусите, туку и заразените клетки. Кога вирусот влегува во клетките, одбранбениот систем нема можност да препознае што има во самата клетка. Некои клетки користат механизми со кои честичките на вирусот ги исфрлаат на површина, за да дадат сигнал дека се нападнати, заразени. Во такви ситуации, одбранбениот систем ги напаѓа и уништува заразените клетки заедно со вирусите. Постојат ситуации кога регенерацијата на ткивата не се одвива правилно, па во нив се појавуваат лузни, што може да биде причина за развој на хронични заболувања. Тешките воспаленија можат дури да предизвикаат системски цитокински бури, кои потоа можат да предизвикаат низа оштетувања на органите, сè до нивно откажување.

Доктор Боровиќ истакнува дека превентивата од вирусните инфекции е исклучително значајна, и дека таа се постигнува со силна доза на антиоксиданси, но посочува и дека подеднакво е важна рехабилитацијата на пациентите што прележале вирус.

– Нивното здравје е кревко после прележан ковид-19. Тие луѓе мора да водат еден сосема поинаков живот, мора да одмораат, да консумираат здрава храна и да пијат антиоксиданси за да го зајакнат својот имунитет. Посебно оние кои имаат и други хронични болести како дијабет, астма, висок крвен притисок и луѓето кои се со канцери – вели д-р Боровиќ и додава:
– Бактериите се победуваат со антибиотици, а вирусите со антиоксиданси! Имуниот систем мора да остане во рамнотежа, особено кај пациентите кои веќе го прележале вирусот.

Со оглед на тоа што GE 132 + Natural е граничен производ, кој во себе содржи пет моќни антиоксиданси, д-р Боровиќ ни го посочи овој производ.

– Соединува пет силни антиоксиданси, кои му овозможуваат широк спектар на дејство и врши силна антивирусна и антибактериска активност – вели д-р Боровиќ и нагласува дека во Србија, GE 132 + Natural е редовна терапија за заболените од коронавирус, како и за постковид болните, но и дека силните антиоксиданси го скратуваат времетраењето на заболувањето од секаков вид на вирусни инфекции.

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот