Разделбата помеѓу Погба и Јунајтед се поизвесна

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Пол Погба е во центарот на вниманието во „црвениот“ дел од Манчестер. Французинот има се помала поддршка во клубот, а на навивачите им е јасно дека токму тој е причината за лошата атмосфера во соблекувалната, по што се интензивираа шпекулациите за негово заминување на лето.

Неговиот менаџер, контроверзниот Мино Рајола минатата недела ги откажа разговорите за нов договор, што е знак дека Погба сака по секоја цена да си замине од „Олд трафорд“.
Денеска, шпанските медиуми објавија, дека Погба, одбил да аплицира за кинеска виза која му е потребна за да може да оди на летни подготовки со клубот во најбројната земја на светот.

Веќе е јасно дека Погба сака да се пресели во Реал Мадрид, но засега Манчестер јунајтед одбива да преговара за евентуален трансфер. И во Реал има дилеми дали да се ангажира Погба, тренерот Зинедин Зидан го сака во својот тим, додека претседателот Флорентино Перез и капитенот Серхио Рамос засега се големи противници за негов ангажман.

Освен Реал Мадрид, голем интерес за Французинот пројавува и неговиот поранешен клуб, Јувентус кој подготвува понуда од 80 до 100 милиони евра плус Даглас Кошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот