Трансфер „бомба“ на Јувентус, го враќа Погба – Слободен печат
СпортФудбал

Трансфер „бомба“ на Јувентус, го враќа Погба

Италијанскиот шампион подготвува понуда со која би го вратил во своите редови Пол Погба од Манчестер јунајтед

Екипата на Јувентус се подготвува за летниот преоден рок во кој планира да направи фудбалски земјотрес. Имено Јувентус е подготвен да го купи Пол Погба од Манчестер јунајтед, и директорот Паратичи веќе направил контакти со менаџерот на фудбалерот, Мино Рајола со цел да го опипа пулсот за можниот трансфер.

„Старата дама“ е подготвена да плати помеѓу 80 и 100 милиони евра и да го даде Даглас Кошта за кого е заинтересиран и менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Сојскјер, со што се зголемуваат шансите да се реализира трансферот.

Единствен проблем во планот на Јувентус претставува Реал Мадрид каде сеуште не одлучиле дали ќе тргнат со сите сили по потписот на Погба откако го обезбедија тој на Еден Азар. Тренерот Зинедин Зидан го сака Погба во својот тим, но голем противник во таа идеја има во претседателот Флорентино Перез.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close