Алчноста на Погба му ги затвора вратите во Реал

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Пол Погба се поизгледно е дека ќе го напушти Манчестер јунајтед налето, но со своите постапки ги затвора вратите за трансфер во Реал Мадрид, кој покажува најголем интерес за негов ангажман.
Имено, Погба му порачал на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дека налето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ доколку добие плата од 16 милиони евра по сезона, со што би бил најдобро платен играч во новиот клуб.

На оваа вест која ја пренесе „Марка“, веднаш реагирал капитенот Серхио Рамос кој побарал состанок со Перез на кој му посочил дека Погба е непожелен во соблекувалната. Адутите на Рамос, кој добива околу 15 милиони евра по сезона, се дека многу фудбалери на Реал Мадрид, кои учествуваа во освојувањето на трите титули во ЛШ заслужуваат поголеми плати но и респект, за разлика од Погба кој ништо не освои со Манчестер јунајтед.

Според „Марка“, со противник како Рамос но и претседателот Перез, се помали се шансите Пол Погба да потпише за Реал Мадрид доколку не ги намали барањата и како нова опција за него се споменува враќање во Јувентус.
Италијанскиот шампион е подготвен да плати помеѓу 80 и 100 милиони евра плус Даглас Кошта само за да го врати Погба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот