Рауфи: Осудените во „Диво Насеље“ не се терористи

Во никој случај осудениците не би ја признале таа квалификација како терористи туку како борци за права. Не може да стане збор за терористи или тероризам бидејќи не се исполнети основните предуслови, немаме ниту една жртва ниту пак повреден од цивилното население. Не може да стане збор за кривичното дело „тероризам“ по ниту една дефиниција. Општо познато е за да има дело „тероризам“ предуслов е таргетот да биде популацијата, односно да бидат нападнати цивили што во случајов не е така. Имаме класична конфронтација на две вооружени формации, нашата безбедносна и друга вооружена група. Ниту еден од цивилите во „Диво Насеље“ не кажа дека почуствувал страв од вооружената група, туку напротив кажаа дека кога биле нападнати од нашите безбедносни структури тогаш го почуствувале тоа чувство на страв. Тоа значи дека не е исполнет предусловот на дефинициите на ОН и на Стејт Департментот, напад врз цивили, за да постои обвинение за „тероризам“. Ова денеска го изјави адвокатот Насер Рауфи кој е бранител на неколкумина осудени за овој немил настан. Изјавата нма Рауфи уследи после денешната јавната седница на Апелацискиот суд по жалбата на обвинетите од првостепената пресуда.

За сега осудените Рауфи рече дека влегле во Македонија од Косово не како терористи, туку како борци за права.

Адвокатот Еленко Миланов, рече дека основна грешка во оваа постапка е во обвинителството и правната квалификација тероризам.

– Неспорен факт е дека имаме страшен настан, но исто неспорен факт е дека ниту како тероризам обвинителството не можеше ова да го докаже. Во Диво насеље полицијата појде да врши претрес по дадени наредби. На тој претрес се пружи отпор. Ова не е акт врз неопределени лица и институции кои не преземаат никакви дејствија. Не можеме тоа да го третираме како тероризам. Не еднаш е извршен оружен отпор на полициски сили, но немало тероризам. Сметам дека обвинителството не докажа акт на тероризам – изјави Миланов.

Вчера осудените побараа за нивниот случај да бидат повикани како сведоци Никола Груевски, Сашо Мијалков, Али Ахмети, Ѓорге Иванов, Стојанче Ангелов, Муса Џафери, Садула Дураку и други поранешни и актуелни функционери на ДУИ. Скопска едница во 2017 година преуди седум доживотни затворски казни за толку обвинети, а на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот