Расветлени три разбојништва во Тетово

Македонска полиција/ Фото: Миа

Тетовската полиција соопшти дека откриле две лица како сторители на три разбојништва, односно кражби со употреба на оружје во маркети во 2018 година. За двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово.

 -М.А (44) од Горни Милановац, Република Србија и уште едно лице,  се сомничат дека во април, мај и јуни 2018 најчесто во периодот од 20 до 21 часот и 30 минути, извршиле кривично дело „разбојништво” во  три маркети во Тетово, во кои влегувале маскирани со „фантомки” на главите, додека едниот од нив им се заканувал на вработените со огнено оружје (пиштол), одземајќи пари од касите, информира СВР Тетово.

 Тие од вработените во маркетите во овие разбојништва вкупно одзеле близу 140 илјади денари. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот