Растат платите за вработените во културата

Почнувајќи од платата за април 2019 година, вработените во културата ќе имаат зголемување на платите. Информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, по дејности ја усвои Владата на денешната седница.

На својот фејсбук профил ова го сподели премиерот Зоран Заев.

-Со оваа одлука на Владата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за месец април 2019 година, наведува премиерот.

Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата.

-Им честитам на културните работници и уметници за заслуженото, продолжуваме да работиме на подигањето на стандардот во културата. Културата е еден од столбовите на нашето заедничко општество, напиша премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот