Распродажбите не се официјално почнати, а сè е веќе распродадено! Трговците не го фермаат Законот за заштита на потрошувачите
Сезонски намалувања треба да има само двапати годишно – летно во периодот помеѓу 25 август и 25 септември и зимско од 25 декември од тековната и 25 јануари од наредната година, предвидува Законот за заштита на потрошувачите
Распродажбите во домашните дуќани не се официјално почнати, а граѓаните сега наоѓаат само непродадени парчиња од првичниот налет во јули. Граѓаните што се навикнаа да се подновуваат на попуст, веројатно не знаат дека сезонски намалувања треба да има само двапати годишно – летно во периодот помеѓу 25 август и 25 септември и зимско од 25 декември од тековната и 25 јануари од наредната година.
Препорачано
И трговците не го фермаат Закон за заштита на потрошувачите, кој е на сила од ноември 2022 година и цела година нудат сезонски намалувања или акции. Но, акциите се со ограничено времетраење и не смеат да бидат подолги од една недела, но кај нас се во низа преку целата година, така што не се знае која акција, почнува или завршува. Инаку, распродажба на производи е дозволена само ако трговецот престанува со работа, се сели во друг дуќан, престанува да нуди одредена стока или врши реновирање.
-Од јули се нудат намалени цени и до 50 отсто, но останати се производи кои ги имаше и лани и преклани и тоа само мали броеви – велат граѓаните.

Сепак, иако некаде се рекламираат намалувања и до 70 проценти, нема голем интерес. Во исто време, се редат и новите колекции за есен и зима, чии цени се далеку од прифатливи.
– Постојат неколку причини, но верувам дека првата и најосновна е недостатокот на пари. Продавниците ги зголемуваат цените во текот на сезоната затоа што сакаат да заработат што е можно повеќе пари, бидејќи ако сега нудат маица за 300 денари, а во сезоната истата таа чинела 1.000 денари, тоа значи дека нешто не е во ред – велат дел од купувачите.
Треба да се знае и дека додека траат попустите, на производите може да има само две етикети со цена – односно со онаа највисоката или намалена цена. Ваквото прецизирање е со цел да се избегнат поранешните практики на лажно етикетирање со кое демек на граѓаните им се ставаше до знаење колку „заштедиле“ со тоа што купиле стока на намаление. Граѓаните не им веруваат на трговските финти, па најчесто реагираат дека производите се поскапи отколку што биле претходно, а се промовираат дека се на попуст.
-Меѓу другото, стоките или услугите ставени на акциска продажба мора да бидат јасно, видливо и читливо означени со зборовите „акција“ или „акциска продажба“. Значајно за потрошувачите е и дека кујнските и другите апарати од белата техника или другите производи може да се заменат со нов ако двапати се расипат од истата причина во определениот гарантен рок. Со Законот се предвидуваат и казни до 10.000 евра за нечесните, измамничките и агресивните трговски практики, со цел да се спречи и нелојалната конкуренција и профитерство на грбот на потрошувачите – велат од ДПИ.
Инаку, промотивната продажба се однесува на новите производи, која се спроведува во рок не подолг од 8 дена, а акциска продажба е намалување на цената на ограничен број производи, која се спроведува во рок не подолг од 30 дена. Меѓудругото, трговците мора јасно и видливо да ја означат и грешката на понудениот оштетен производ, а оние производи на кои им изминува рокот, а се со пониски цени, мора да бидат јасно истакнати. Значајно за потрошувачите е и дека кујнските и другите апарати од белата техника или другите производи може да се заменат со нов ако двапати се расипат од истата причина во определениот гарантен рок. Со новиот закон се предвидуваат и казни до 10.000 евра за нечесните, измамничките и агресивните трговски практики, со цел да се спречи и нелојалната конкуренција и профитерство на грбот на потрошувачите.
Малку летуваш, малку купуваш – Грција е омилената шопинг Мека за Балканците
Одамна е познато дека Грците се одлични трговци. Луѓе од сите балкански земји доаѓаат во Грција на шопинг. Одморот е незамислив без барем еден ден одвоен за шопинг, особено ако има попусти, тогаш тоа е вистински хит. Многу туристи го прилагодуваат периодот на одмор во однос на периодот на попусти. Попустите во Грција се попусти во вистинска смисла на зборот, од минимум 30 до 70 или дури 80 отсто.
Општо земено, периодите на попусти се повеќе или помалку во истиот период секоја година и вкупно ги има четири, два во лето и два во зима. Во тој период, продавниците често се отворени и во недела. Летните периоди на попусти се во мај, јули и август. Првиот период е секогаш во првите десет дена од мај, а вториот започнува во вториот понеделник од јули и трае до крајот на август. Летните распродажби 2025 година ќе траат од понеделник, 23 јуни, до сабота, 19 јули 2025 година, вклучително, пишуваат српските медиуми.


