Расизам во Бакингемската палата, вработена даде отказ по навредливи коментари

Фото: Твитер

Почесната членка на персоналот на Бакингемската палата Сузан Хуси поднесе оставка по инцидентот во кој таа постојано ја прашувала Нгози Фулани, која води добротворна организација за жртви на семејно насилство, „од која земја доаѓа”, и покрај тоа што таа неколкупати повторила дека е Британка.

Фулани на Твитер објави дека на забелешката дека седиштето на нејзината организација се наоѓа во Хакни во Лондон, С.Х., која има повеќе од 80 години и извршува почесна служба во кралската палата, упорно прашувала: „Не, не, од кој дел на Африка дојдовте?”.

Инцидентот се случил на приемот на Камила, сопругата на кралот Чарлс, организиран за жени кои се занимаваат со борба против семејното насилство.

Бакингемската палата соопшти дека го сфатила инцидентот крајно сериозно и ги истражила „неприфатливите и длабоко жални коментари, и добро е што засегнатото лице поднело оставка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот