Расчистени и маркирани повеќе планинарски патеки во Дисанијата, Неготинско

unsplash
Планина. / Фото: Архива на Слободен печат

Расчистени се и маркирани повеќе планинарски патеки во Дисанијата, Неготинско, област позната по квалитетно грозје и производи од грозје.

Расчистувањето и маркирањето на планинарските патеки го извршија членовите на планинарското друштво „Фри хајкерс”, информираше Ахмет Муратов, долгогодишен планинар, патеките се наменети за планинари, рекреативци и љубители на природата.

Грозје/ Фото: МИА

Сите тие почнуваат, завршуваат или поминуваат покрај новоотворениот планинарски дом „Дедо Ило Јанчев”. Една од нив е таканаречената „Патека на виното” и таа почнува од Долни Дисан, се оди по венецот горе и низ Горни Дисан. Друга оди до „Студена вода”, трета води до познатото место „Градот”. Една од патеките минува низ месноста „Орле”, причуена по квалитетно грозје, појасни Муратов, кој е претседател на друштвото.

Тој нагласи дека се обележани патеки во вкупна должина од околу 25 километри. Уживањето во природата може да се прави со комбинирано движење по неколку патеки, во зависност од желбите и можностите. Некои патеки имаат видик кон Солунска глава со Козјак,  Вишешница со врвот Орле, како и на  Кожуф планина на југ, а од другата страна на исток се гледаат Серта и Демиркаписката клисура.

Дел од патеките се наменети за искусни планари, но има и такви за рекреација и за почетници. Од сите страни сме заобиколени со насади од винова лоза, тука се произведуваат најубавите вина и се разбира тиквешката ракија, што е препознаена секаде, рече Муратов.

Муратов потсетува дека планинарскиот дом е опремен за престој на сите љубители на планинарењето и престојот во природа, и упати јавна покана до сите заинтересирани да бидат гости во Дисанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот