Рама сака да му помогне на Ковачевски да ја спаси Владата, но ѝ нема спас, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Архива на „Слободен печат“

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ велат дека средбата на лидерите на партиите на македонските Албанци со премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе се одржи на барање на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, за кого тоа е „обид да ја спаси Владата“.

„Мислам дека позадината на оваа средба е сериозна паника која што во моментов се јавува во власта. Најмногу кај СДСМ е, колку и да изгледа нетипично за реториката за оваа средба која што деновиве е во јавноста. Јас според мое мислење и сознанија мислам дека оваа средба се случува токму на барање на СДСМ и на Димитар Ковачевски, кои што бараат помош во опстојувањето на оваа Влада, затоа што Владата е пред распад и се обидува на овој начин да добие помош за спас на својата Влада. А, за возврат да реализира политички ако сакате и регионални агенди кои што се на штетат на Македонија и македонскиот народ“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ „Алфа“.

Слични тези изнесе и пратеникот од опозицијата, Миле Лефков, во емисијата „24 анализа“. Тој рече дека „ваква средба пред шест години му помогна на Заев“.

„Гледаме дека оној кој се шеташе како записничат, сега на истиот начин Рама се обидува на направи спас на Ковачевски и Ахмети. Ова се вцажни моменти и за Груби и Османи кои ја бубат довербата меѓу народот. Ковачевски вели дека не знаеч за што че разговараат неговиот коалициони партнери во Тирана и тоа е доказ дека средбата е на негово барање. Не може во Титана да се разговара за проблемите кои ги имаме тука“, рече Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот