Ракометарите со пласманот во Лигата на шампиони му “донесоа” нов паркинг на Битола

Фото: Васка М.Младеновска

Благодарение на успехот на ракометарите на Еурофарм Пелистер и нивниот пласман во Лигата на шампионите, Битола се стекна со нов паркинг.

Паркинг просторот до спортската сала “Боро Чурлевски” кој со децении беше запоставен, сега е целосно реконструиран и уреден.

„Согласно Програмата за развојни планови, спроведената постапка за јавна набавка и склучениот договор, Општината Битола, направи комплетна реконструкција на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“. Проектот вклучуваше реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За реализацијата на овој проект, Општината Битола, издвои 18.301.800 денари,“информираат од Општина Битола.

Фото: Васка М.Младеновска

Паралелно со реконструкцијата на паркинг просторот и спортската сала “Боро Чурлевски” е реновирана и прилагодена согласно европските стандарди за одигрување на натпреварите на Лигата на шампиони.

Фото: Васка М.Младеновска

„Реконструктивните зафати во објектот на спортската сала ги реализиравме во соработка со јавните претпријатија и приватните фирми, согласно склучените договори, но и со активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од РК Еурофарм Пелистер“ додаваат од Битолската локална самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот