Ракометарите против Белорусија го завршуваат настапот на Мундијалот

epa08957817 Players of North Macedonia line up for the Main Round match between North Macedonia and Russia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 22 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Ракометната репрезентација на Македонија денеска (15.30 ч.) ќе го игра последниот натпревар на Светското првенство во Египет, а противник е селекцијата на Белорусија.

Подмладената репрезентација која на Мундијалот дојде како прва резерва и тоа на само еден ден пред стартот на првенството, по откажувањето на Чешка, прикажа игри кои се далеку од очекуваните во последните десетина години. Беа забележани четири убедливи порази, сите со двоцифрена разлика, и една победа над Чиле која не однесе во втората рунда од Мундијалот.

Селекторот Данило Брестовац постојано истакнуваше дека настапот на Мундијалот во Египет е шанса за собирање искуство на младите ракометари, како и барањето на носител на репрезентацијата по заминувањето на искусните Лазаров, Стоилов, Манасков…

Дуелот со Белорусија нема натпреварувачко значење бидејќи и двете репрезентации немаат шанси за пласман во елиминациите и натпреварот ќе послужи за поправање на впечатокот на избраниците на Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот