„Радио Прага“: Албанија, новата летна љубов на Чесите

Албанија од енигма за Чесите во последните неколку години стана атрактивна дестинација за посета. Некои од чешките туристи велат дека е поевтина и можеби поубава од Хрватска!  И таа е европска земја со пристап до Медитеранот, со луксузни хотели, продавници и многу кафулиња, пренесува Ора Њуз.

Долги години земјата беше изолирана со одлука на нејзините владетели!, пишува во напис „Радио Прага Интернешнл“.

Томаш Свобода, чешки државјанин кој живее седум години во Албанија, раскажува за карактеристиките на оваа земја, кои ги фасцинирале познатите Ханзелка и Зикмунд, дуо чешки авантуристи познати по своите патувања. Свобода организира екскурзии, патувања, прошетки, дури и посети на манастири. Чешкиот туризам во Албанија бележи голем пораст во последните години. За разлика од она што се случува во Хрватска, каде што Чесите честопати можат да комуницираат на својот јазик, албанскиот е многу различен јазик и многу тежок за совладување.

„Има многу дезинформации за Албанија. Пред се, како што често се зборува дека е многу небезбедна земја“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот