Путин телефонски разговарал со Макрон и со Шолц

Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц при што ги информирал дека руската страна е отворена за обновување на дијалогот со Киев, соопшти Кремљ.

Тој ги предупредил за тоа колку е опасно да се продолжи со „пумпање“ на Украина со оружје од Запад, што според него води кон дестабилизација на ситуацијата.

– Претседателот на Русија им објасни на Макрон и Шолц како се организира процесот на нормализација на животот во Мариупол и другите ослободени градови на Донбас – соопшти Кремљ.

Една од темите на разговор беше и прашањето за безбедноста на храната.

– Русија е подготвена да придонесе за изнаоѓање варијанти на извоз на жито без пречки, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море – рекол рускиот лидер.

Според него, вистинските тешкотии околу испораката на храна настанале поради погрешната политика на Западот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот