Путин прави чистка: Уште еден опозиционер приведен во Москва

Леонид Гозман/ Фото Artyom Geodakyan / TASS / Profimedia

Руските власти денеска го приведоа опозиционерот Леонид Гозман, кој неодамна се врати во Москва од странство, што, според аналитичарите, е уште еден во низата потези во рамки на немилосрдното потиснување на неистомислениците од страна на државата. По неколку часа тој бил ослободен.

Гозман, уапсен по налог на руското Министерство за внатрешни работи, во текот на кривичната истрага против него, е обвинет за кршење на законот според кој руските граѓани треба да ги информираат властите дека имаат државјанство на друга земја или дозвола за престој во странство.

Доколку биде прогласен за виновен, либералниот политичар Гозман може да биде осуден на парична казна или општествено корисна работа.

Гозман, гласен критичар на рускиот напад врз Украина, ги информирал руските власти дека има и израелско државјанство, но тие тврдат дека тоа не го сторил во предвидениот рок.

Тој ја напушти Русија по почетокот на нападот врз Украина на 24 февруари, но се врати во јуни, што го опиша како „морален” избор, пренесува Бета.

Годинава Министерството за правда на Русија го стави Гозман на листата на „странски агенти”, која има погрдна конотација и подразбира подетален надзор врз поединец или организација.

Адвокатот на Гозман, Михаил Бирјуков, изјави дека неговиот клиент бил уапсен во московското метро со помош на системот за препознавање лица и одведен во полициска станица. Адвокатот вели дека против неговиот клиент е поведена кривична постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот