Путин подготвен за преговори со Зеленски, но сè уште без политичка волја од Киев

Рускиот претседател Владимир Путин упатува поздрав од говорница / Фото: EPA-EFE/SERGEI GUNEYEV / SPUTNIK/ KREMLIN POOL

Рускиот претседател Владимир Путин јасно ја потврди својата подготвеност да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, бидејќи односите меѓу двете земји треба да се подобрат, но нема меѓусебна политичка волја на Киев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ако зборуваме за политичката волја на претседателот Путин, тој јасно ја потврди. Тој е подготвен да се сретне и верува дека жалната ситуација во која сега се руско-украинските односи не води никаде, изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.

Тој додаде дека претседателот на Русија потврдил дека постои желба за нормализирање на односите со Украина, но дека работата на претседателот треба да ја оцени украинскиот народ.

– Претседателот рече дека Украинците мора да ги оценат резултатите од работата на нивните претседатели и дека треба да гласаат за оној што сакаат да го видат (на позицијата шеф) на нивната земја. Затоа, нека остане прерогатив за украинскиот народ, и можеме само да констатираме дека Руската Федерација, претставена од претседателот Путин, уште еднаш ја потврдува својата желба за нормализирање на односите со Украина – заклучи Песков.

Крим не е тема за преговори

Крим не може да биде точка на агендата за преговори меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, затоа, во тој поглед, не може да има напредок по прашањето за евентуална средба, додаде Песков.

– Станува збор за фактот дека за нас темата за Крим е затворена. И како што ни беше кажано во канцеларијата на претседателот на Украина, Зеленски сака да зборува за Крим. За Крим од која гледна точка? Очигледно не од гледна точка дека тоа е регион на Руската Федерација. И во тој поглед, тоа не може да биде точка на дневниот ред на преговорите – прецизира Песков.

Односите меѓу Москва и Киев се влошија поради ситуацијата во Донбас, каде властите започнаа воена операција против самопрогласените Лугански и Доњецки народни републики во 2014 година, како и Крим, кој се обедини со Русија по референдумот на полуостровот. Украинските власти постојано ја обвинуваат Москва за мешање во внатрешните работи на земјата. Во јануари 2015 година, Врховната рада усвои изјава во која Русија се нарекува „земја агресор“. Москва ги отфрла обвинувањата на украинската страна и ги нарекува неприфатливи. Русија постојано нагласува дека не е страна во внатрешниот украински конфликт и дека е заинтересирана Киев да ја надмине политичката и економската криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот