Путин донесе декрет: Ќе се менуваат имињата на 40 аеродроми

Рускиот претседател Владимир Путин донесе декрет со кој се предвидува промена на имињата на десетици аеродроми во земјата, од Владивосток на исток до Мурманск на запад. Околу 40 аеродроми добиваат имиња на руските цареви, писатели и пионери на авијацијата и истражувачи на универзумот, јави Дојче веле.

Путин го донесе декретот врз основа на резултатите од онлајн анкета спроведена меѓу жителите, во која им беше овозможено да предлагаат нови имиња за аеродромите.

Така, аеродромот „Шереметјево“ во Москва ќе се преименува во „Александар Пушкин“.

Вториот голем московски аеродром „Домодедово“ ќе се вика „Михаил Ломоносов московски меѓународен аеродром“, додека воздушното пристаниште „Внуково“ ќе се преименува во „Андреј Тупољев московски меѓународен аеродром“.

Аеродромот во Мурманск ќе се вика „Николај Втори меѓународен аеродром во Мурманс“, наместо „Аеродром Мурмаши“, по името на селото во близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот