Пукање во Чаир, со пиштол се расчистувале сметки

Фото: МВР/илустрација

Вооружен инцидент се случил вчера околу пладне во скопската населба Чаир – жител на главниот град потегнал пиштол и пукал кон 29-годишно момче и не го погодил, но оштетил паркиран автомобил, соопшти полицијата.

„На 08.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот на ул.„Вуковарска”, по претходна расправија помеѓу Р.Б.(34) и П.Б.(29), од една страна, и В.А., од друга страна, сите тројца од Скопје, В.А. испукал од огнено оружје кон П.Б.“, велат од МВР.

Во инцидентот нема повредени, а испуканиот куршум завршил во паркиран автомобил, додаваат од полицијата, која извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот