ПСЖ со понуда до Арсенал за Обамејанг

фото: твитер

Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата има договор со „топчиите“ до 30 јуни 2021 година..

Како што пренесуваат француските медиуми, париските „светци“ имаат понуда за услугите на интернационалецот од Габон. Играчот сонува да биде на големата сцена, но Арсенал веќе три години е надвор од Лигата на шампионите.

ПСЖ има план да го обезбеди потписот на Пјер-Емерик Обамејанг чиј договор со Арсенал трае до 30 јуни 2021 година. Изворот вели дека играчот е подготвен да го напушти клубот од „Емирати“.

Воедно францускиот шампион има намера да го откупи договорот на Мауро Икарди кој е позајмен од Интер кој исто така заедно со Барселона е во трката за Обамејанг.

Од 2018 година е една од најголемите ѕвезди во екипата од Северен Лондон, постигнувајќи 61 гол во 97 натпревари.

Според „ле10спорт“, ПСЖ верува дека може да го ангажира Обемајанг од 36 до 45 милиони фунти во текот на следното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот