ПСЖ сепак со најсилниот тим против Аталанта во ЛШ

Килијан Мбапе/EPA-EFE/YOAN VALAT

Француските медиуми најавуваат добри вести за повредата на Килијан Мбапе.

Францускиот репрезентативец се повреди пред недела за време на финалето од Лига Купот против Сент Етјен. Прогнозата на докторите е дека нема скршеница на ногата, туку само истегнување на лигаментите на стопалото и препорачаа мирување од три недели, што значеше дека Мбапе ќе го пропушти четвртфиналниот дуел против Аталанта кој треба да се игра на 12. август.

Но, вечерва француските медиуми најавуваат пресврт со состојбата со Мбапе и тврдат дека тој ќе биде на списокот на тренерот Томас Тухел за натпреварот протит Аталанта. „Лекип“ тврди дека рехабилитацијата оди според предвиденото, дури и подобро и токму затоа Мбапе се очекува да биде во првиот тим на ПСЖ кој во Лисабон ќе игра против Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот