ПСЖ ја спушти цената за Нејмар

Но, од друга страна Барса истовремено ќе мора да продава, доколку сака да најде пари за да го купи Нејмар од редовите на ПСЖ.

Од францускиот шампион одлучија да ја спуштат цената за Бразилецот, и на нив им е јасно дека не вреди да се има во тимот незадоволен играч.

Како што тврди шпанскиот „Ас“, цената за Нејмар не е повеќе 300 милиони евра, туку реални 180.

ПСЖ сакаат само пари, ништо друго. Никакви играчи низ трампа не доаѓа во предвид, иако каталонските гиганти освен пари ги нудеше уште Кутињо, Ракитиќ, и многу други само за да го доведе Нејмар.

Можеби проблем за Барселона ќе биде тоа што преодниор рок влегува во завршна фаза, а скоро не се ниту говори за продажба на фудбалери. Дефинитвно не би сакале да бидат во длабок „минус“, веќе исплатија 120 милиони евра за Гризман, за нови 180 ќе мора брзо да реагираат.

Во меѓувреме „светците“ за 34 милиони евра го купија Идриса Геје кој доаѓа од редовите на Евертон. Со Французите потпиша договор до 30 јуни 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот