Првиот „Су-57″ е подготвен за испорака на руските воздухопловни сили

Првиот сериски произведен борбен авион од петата генерација „Су-57″ е подготвен за испорака на руските воено-воздухопловни сили, изјави денеска заменик министерот за одбрана на Руската Федерација, Алексеј Криворучко.

-Што се однесува на програмата за создавање авион од петата генерација, можеме да видиме дека првиот сериски произведен „Су-57″ е подготвен за испорака на трупите- рече Криворучко и додаде дека тој ќе биде испорачан во армијата пред крајот на годината.

„Следната година очекуваме да добиеме уште еден таков авион, а подоцна неговото производство многукратно да расте”, додаде рускиот заменик министер за одбрана по посетата на водухопловното претпријатие „Космомолск-он-Амур”, што ги гради најсовремените руски борбени авиони, јави Тасс.

Според моменталниот договор, руските воздухопловни сили до 2028 година ќе добијат 76 борбени авиони „Су-57″ од петата генерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот