Првиот човек на италијанскиот фудбал Гравина се плаши од Македонија

За Габриеле Гравина првиот меч со Македонија ќе биде најтежок за Италија/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNI

Се ближи 24 март кога македонската А репрезентација ќе го одигра полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство против Италија во Палермо.

Потсетување дека доколку триумфираме на овој меч пет дена подоцна ќе играме повторно на гостински терен против Португалија или Турција.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) пред три дена ја информираше јавноста дека за следење на натпреварот во Палермо сите заинтересирани поддржувачи можат да се пријавуваат за купување на билети.

Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина ги сподели своите очекувања во пресрет на дуелот со Македонија.

– За мене првиот натпревар ќе биде најтежок. Да размислуваме на Македонија, треба максимално да бидеме концентрирани. Тоа е добра репрезентација која има постигнато важни резултати – вели Гравина.

Првиот човек на италијанскиот фудбал е оптимист дека ќе биде дозволено од тамошната Влада за 100% капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ за следење на натпреварот за кој околу 20,000 билети се веќе распродадени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот