Прва победа за македонските одбојкари во Европската златна лига

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

По стартниот пораз во полски Лоѓ од Украина (0:3), денеска во вториот натпревар од групата „Б“ во Европската златна лига македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација во СЦ „Борис Трајковски“ со 3:1 во сетови триумфираше над Белгија.

Првиот сет го освоивме 25:21, па ја зголемивме предноста на 2:0, откако го добивме и вториот со 25:23. Се вратија противнивниците намалувајќи на 2:1 откако во третиот сет беа подобри со 17:25, а во четвртиот сет нашите одбојкари ги решија сите дилеми околу победникот (25:21).

Најдобар во нашите редови беше Н. Ѓоргиев со 19 поени, следен од Љафтов кој имаше 16, а по осум запишаа Милев и Савовски.

На спротивната страна најефикасен беше коректорот Рекерс со 21 поен.

Во вториот натпревар од нашата група селекцијата на Украина со 3:0 ја совлада Хрватска.

Моментно после две одиграни кола на табелата Украина има шест бодови, по три Белгија и Македонија, а Хрватска ниту еден.

Во следното трето коло избраниците на селекторот Јошко Миленкоски на 3 јуни во Скопје ќе ги пречекаат Хрватите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот