Прва лига: Работнички ќе има сериозен испит во Чаир, ТФТ му гостува на Вардар

фото: kfsm.mk

Трите натпревари од третото коло во Првата македонска кошаркарска лига кои се играат во саботните термини се со префиксот „скопски“. И во вистинска смисла на зборот, ако се земе в предвид дека во овие три натпреварувачки двојки се вклучени шест прволигашки екипи од главниот град.

И сите три ќе се одиграат „во растојание“ од три часа. Програмата почнува со еден „соседски дуел“ во кој на едната страна од теренот ќе биде екипата на Вардар, на другата ТФТ.

Добриот распоред и добрите настапи им донесоа на „вардарци“ веќе две победи. А од 18.00 часот, на свој терен ќе се бидат да дојдат и до третата во серија. Пред себе ја имаат екипата на ТФТ која во изминатиот период беше „зафатена“ со играње на натпревари од АБА 2 конкуренцијата, а без помош на три важни играчи, што се одрази и на резултатите.

Еден час подоцна, (19.00), во салата „Шабан Трстена“, Работнички му гостува на Чаир 2030, во веројатно најинтересниот меч од ова трето коло заедно со дерби дуелот во Битола каде Пелистер и МЗТ Скопје ќе го репризираат денешниот меч од втората јадранската лига.

Сериозен предвизвик за „црвено-белите“ кои тргнаа добро, со максимални две победи, и со амбиции да продолжат и на ова гостување во Чаир, каде извесно е, и домаќините имаат свои „математики“ кои се граничат и со победа.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 3. КОЛО

14.ОКТОМВРИ (САБОТА)

18.00: Вардар – ТФТ Моцарт
19.00: Чаир 2030 – Работнички
20.00: Академија ФМП – Феникс 2010

15.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

17.00: Гостивар – Еуро Никел 2005
18.00: Кожув – Охрид

18.ОКТОМВРИ (СРЕДА)

18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 4 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 4, Работнички 4, Вардар 4, Чаир 2030 3, Охрид 3, ТФТ Моцарт 3, Гостивар 3, Пелистер 2, Кожув 2, Феникс 2010 2, Академија ФМП 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот