Прв триумф на Металург на ракометниот турнир во Струга

фото: facebook.com/ihtstruga

После вчерашниот пораз на стартот од Еурофарм Пелистер, денеска играчите на тренерот Зоран Кастратовиќ ја забележаа првата победа на струшкиот турнир. Металург вечерва дојде до триумф откако го совлада Прилеп со конечен резултат 33:24 (13:11).

Првото полувреме во најголем дел мина во рамноправна игра, со повремени водства на двете екипи. тимот од Автокоманда во ова прво полувреме повтори дел од своите вчерашни грешки, но на крајот на првиот дел ја стабилизираше својата игра и првото полувреме го доби со два гола разлика.

За разлика од првото, во второто полувреме Металург го скрши отпорот на прилепчани чии грешки беа казнети. За многу кратко време скопската екипа целосно го разби противникот и стекна сигурна предност од девет гола, 23:14, со што ја најави својата убедлива победа.

Во победничките редови најефикасен беше Шилегов со осум голови, шест запиша Кондев, а голманот Ѓорѓески имаше 16 одбрани (2 седмерци).

Претходно на стартот од вториот ден на ракометниот турнир во Струга, екипата на Бутел беше подобра од составот на Еурофарм Пелистер 2 со 21:17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот