Еурофарм Пелистер со триумф над Металург на струшкиот турнир!

фото: facebook.com/ihtstruga

Заврши првиот ден на 48 традиционален меѓународен ракометен турнир во Струга, беа одиграни вкупно три натпревари и на сите имаше победници на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Во првиот меч играчите на Прилеп славеа против домаќинот Струга со резултат 32:28, а во вториот дуел Охрид минимално триумфираше над Бутел со 25:24.

На последната дерби пресметка Еурофарм Пелистер со 24:22 беше подобар од составот на Металург. Битолчани воглавно го контролираа резултатот, константно имаа три-четири голови разлика, а во еден момент предноста достигна и плус пет.

Кај стрелците во победничките редови Кушан петпати се запиша во листата на стрелците, а на спротивната страна по четири имаа Канкараш, Серафимов и Потиќ.

На вториот ден в четврток (13 август) од 17.15 часот Бутел ќе го игра и вториот натпревар на турнирот против Еурофарм Пелистер 2, потоа од 19.15 часот Металург ќе се обиде да дојде до првата победа против Прилеп, а актуелниот европски шампион Вардар ја има фаворитската улога против Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот