Протести во Португалија против високите цени на недвижностите

Фото: Твитер

Низ улиците на Лисабон и други градови во Португалија денеска се одржа протест на кој беше изразен револтот против зголемените цени на недвижностите.

„Има голема станбена криза. Ова е социјален итен случај“, изјави Рита Силва од организацијата за домаќинства Хабита.

Како што известува Ројтерс, Португалија е една од најсиромашните западноевропски земји, а владините податоци покажуваат дека минатата година повеќе од 50 отсто од работниците заработувале помалку од 1.000 евра во просек месечно.

Минималната плата во Португалија е 760 евра.

Цените за изнајмување на недвижностите во Лисабон скокнаа за 65 отсто од 2015 година, а продажните цени скокнаа за 137 отсто во тој период, покажуваат бројките на организацијата за домување Confidential Immobilario.

Цените за изнајмување недвижности скокнаа за 37 отсто минатата година, повеќе отколку во Барселона или Париз, покажаа податоците на Агенцијата за податоци за недвижности Касафари.

Просечната цена на еднособен стан во Лисабон е околу 1.350 евра, покажува истражувањето на порталот „Имовиртуел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот