Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски се жали за мобинг на работно место

Вишиот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски кој денеска бил на средба во Германската Амбасада во Скопје, се жали за мобинг на работно место.

Илиевски вели дека Амбасада била заинтересирана за незаконските професорски дипломи на министерот за образование Адеми и на заменикот на МВР, Нихиу, кој пред неколку месеци тој ги обелодени, како и за она со што тој се соочува деградирање на неговата функција од виш инспектор, инспектор во основното образование.

– Едноставно за некои работи беа запознаени, з аовие мое работи сега се веќе запознаени и ќе бидат во тек на запознавање и согледување на работите. И нормално тие во согласност со нивната активност ќе си ги постават извештаите таму каде што им е местото. Тие исто така констатираа дека не можат да влијаат на домашното законодавство, но ќе си имаат чекори кои понатаму ќе бидат информирани други институции надвор од нашата земја – вели Ѓорѓи Илиевски.

Илиевски додава и дека според него зад сето ова што му се случува стојат високи функционери.

– Почнувајќи од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кои и те како се инволивари во овие скандали – вели Илиевски.

Тој се пожали на мобинг на работното место, преку одземање предмети и недавање на работни задачи.

„Да, одкога се вратив од одмор, веќе едноставно не ми даваат работни задачи, ми ги одземаат предметите, апредметите не можам да ги дадам туку така мора да оди како што треба, бидејќи даденото решение не е конечно, не е правосилно и јас сите овие работи си ги терам по законски пат“, појаснува Илиевски.

Илиевски се уште нема добиено одговор од поднесената жалба до Агенцијата за државни службеници, ниту пак од останатите институции каде што се обратил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот