Проштална средба Заев – Мурати

Премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил објави дека имал проштална средба со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, на која му посакал успех и среќа во натамошната кариера.

– Уставот е темелот на владеење на правото, а владеењето на правото е најзначајниот елемент на секое општество. Токму Уставниот суд преку заштита на уставноста и законитоста е чуварот на овие вредности, местото каде што се носеле многу важни одлуки за иднината на земјата и се одлучувало за уставноста на многу важни закони, напиша премиерот на Фејсбук.

Заев додаде дека како дел од позитивните реформи во судството ќе биде опфатен и Уставниот суд, кој во наредниот период ќе биде дигитализиран, заедно со останатите судови и околу 200 судници во државата.

– Модернизацијата на овој суд е предвидена во втората фаза од дигитализацијата и таа ќе опфати интегриран информациски систем за потребите на Уставниот суд, истакна премиерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот