Просечната нето плата во април 36.134 денари

Фото: Profimedia

Просечната нето плата во април изнесувала 36.134 денари, што е зголемување од 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Според податоците од Државниот завод за статистика, ваквото зголемување, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти).

Зголемување во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 проценти).

Просечната бруто-плата изнесува 54 177 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот