Пронаоѓачот на „World Wide Web“ најавува редизајн на сајбер просторот: Луѓето треба да имаат контрола

Instagram

Сер Тим Бернерс – Ли, британскиот компјутерски научник, кој доби посебно признание за измислување на интернет системот за навигација, познат како „World Wide Web“, сака да го редизајнира сајбер просторот.

Со новиот стартап наречен „Inrupt“, Бернерс – Ли има за цел да поправи некои од проблемите кои ја хендикепираа таканаречената „отворена мрежа“ во ера на огромни, затворени платформи како што е „Facebook“.

Врз основа на идеи развиени од софтверски проект со „отворен извор“ наречен „Solid“, тој ветува мрежа каде луѓето ќе можат да користат единствено најавување за која било услуга, а личните податоци ќе се чуваат во посебни „капсули“ т.е магацини за лични онлајн податоци, кои ќе може да ги контролира корисникот.

Луѓето треба да имаат контола“, изјави Бернерс – Ли, еден од основачите на „Inrupt“.

Instagram
Instagram

Според него, новата веб – платформа ќе овозможи споделување содржини директно помеѓу луѓето и ќе им нуди слична соработка која им овозможи успех на големите социјални мрежи, но тие истовремено добија и огромна контрола врз нивните корисници.

Новата платформа, според нејзиниот основач, има потенцијал да донесе нова револуција во областа на програмирањерто. Девелоперите, хакерите, активистите и корисниците ќе се чувствуваат безбедно и би можеле да започнат да создаваат содржина на децентрализиран начин, каде интернет гигантите како „Google“ или „Facebook“ нема да ги „контролираат“.

Џон Брус, еден од директорите на „Inrupt“, вели дека на компанијата, првите пилот – клиенти им се британскиот институт за јавно здравје, „Би-Би-Си“ и владата на Фламански регион во Белгија.

Меѓу инвеститорите во компанијата се „Hearst Ventures“, „Octopus Ventures“ и „Akamai“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот