Миле Тодоров

Пронајден е починат младиот Миле Тодоров од Неготино, кој беше исчезнат од јануари

Тажна вест од Неготино — 28-годишниот Миле Тодоров, кој исчезна во јануари годинава, е пронајден починат. Неговата сестра Марија објави дека Миле починал, а семејството во голема тага се збогува со него.

„Летај со ангелите, Мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Почивај во мир и спокој“, напиша сестрата.

Од МВР засега нема официјални информации за тоа каде е пронајдено телото на Тодоров.

Семејството на Миле речиси цела година беше во неизвесност и очајно бараше помош во потрагата по Миле.

Тој утрото тргнал на работа во фирмата „Метал Апостолов“ во Кавадарци, каде му кажал на сопственикот дека дава отказ, по што заминал пеш во правец на Неготино, а трагата му се губи на патот кај Марена, според очевидци и снимки од надзорни камери.

Тоа е сè што јавноста дозна за неговото последно движење, а обемните потраги на терен со стручни тимови и бројни доброволци, не дадоа одговори. Телефонот му беше пронајден кај Марена, покрај реката Луда Мара, и тука завршија сите информации поврзани со неговото исчезнување.

Познаник го сретнал исчезнатиот Миле Тодоров на планина, исцрпен и ослабен – кога му се обратил, избегал во шума

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот