Пронајден хероин во Велес

Фото: МИА/илустрација

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот на осомничениот завчера полицијата пронашла 168 пакувања со вкупно 30,24 грама хероин, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле стекнати со илегална продажба на наркотична дрога, информира Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот