Промовирани осум доктори на науки во Штип – Слободен печат
ВестиМакедонија

Промовирани осум доктори на науки во Штип

Инаку, во Штип со титула доктор на науки се околу  250 граѓани.

Штип денеска со низа на мафестации го одбележува Денот на ослободувањето. Во штипската Библиотека „Гоце Делчев„ во рамки на Митровденските средби беа промовирани осум доктори на науки, кои со ова звање се стекнале во текот на годината.

„Жителите на истокот, најголеми жртви на трговија со луѓе во државата”, покажале резултатите од едногодишното истражување на штипјанката Надица Донева, за потребите на нејзината докторска дисертација, што беше една од денеска презентираните седум други.

Рутата оди од Исток кон Запад, истакна  Надица Донева, доктор на правни науки, а тие се превезуваат од овде кон западниот дел на Македонија каде се експлоатираат на најразлични начини.

– Мојата дисертација се однесува на Морфолошките и моторички димензии кај децата до пет години. Ја работев две години и врз основа на анализите треба да се направи понатамошна стратегија за физичкиот развој на децата- истакна Мирко Јакимовски, доктор по кинезологија.

Нови доктори на науки се Силвана Жежова и Сашка Голомеова Лонгурова од техничките науки, Илија Милев од медицинските науки,  Мирко Јакимовски кинезитерапија, Надица Донева, Билјана Цоневска Гуњовска и Дијана Ѓорѓиева од правните науки.

Инаку, во Штип со титула доктор на науки се околу  250 граѓани. Нивниот број значително се зголеми со отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев”. Вечерва на свечена седница на Советот на Општина Штип ќе биде доделено Ноемврското признание на пет добитници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close