Променливо облачно, попладне дожд и снег на планините

Луѓе со чадор - слаби врнежи на снег / фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст, освен по котлините каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне се очекува влажен бран со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот