Пролет потпиша со двократен европски шампион

rkprolet.mk

Мартин Поповски е најнов ракометар во таборот на Тинекс Пролет, откако македонскиот репрезентативец денеска потпиша договор со клубот.

Поповски, кој е двократен европски првак со Вардар, во изминатиот период тренираше со Тинекс Пролет и остави одличен впечаток и кај стручниот штаб и кај соиграчите, по што експресно беше постигнат договор за соработка во наредната сезона.

Беше трета опција во тимот на Вардар во последните години, зад Чупиќ и Шишкарев, но често шанса во СЕХА-лигата и се покажуваше во добро светло во црвено-црниот дрес. Нема сомнеж дека одличното десно крило, кое добро се снаоѓа и на бековската позиција, ќе му биде од огромна помош на Тинекс Пролет во битката за висок пласман во новата сезона. Поповски ќе биде во комбинација за настап веќе на премиерниот натпревар од новата сезона, што ќе ја стартува екипата в сабота (7 септември) на домашен терен против тимот на Охрид (19.00 часот).

– Мартин тренираше со тимот, му излеговме во пресрет по заминувањето од Вардар, а потоа и лесно се договоривме за соработка. Договорот е тој да остане во Тинекс Пролет до крајот на сезонава, освен доколку во меѓувреме не добие примамлива понуда од странство – изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот