Прогласена вонредна состојба на јапонскиот остров Хокаидо поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Гувернерот на Хокаидо, Наомичи Сузуки изјави дека вонредната состојба ќе трае до средината на март.

На јапонскиот остров Хокаидо денеска е прогласена вонредна состојба поради брзото ширење на новиот коронавирус.

Гувернерот на Хокаидо, Наомичи Сузуки изјави дека вонредната состојба ќе трае до средината на март.

Сузуки, со заштитна маска на лицето, ги повика сите жители да останат дома овој викенд „затоа што тоа време е клучно за да не се влоши ситуацијата”.

– Требаше да го спречиме вирусот, но ситуацијата станува се позериозна – рече Сузуки.

– За да се заштитите себе си и вашите најблиски, воздржете се од излегување овој викенд – нагласи тој.

Бидејќи кон крајот на јануари беше регистриран првиот заразен, оваа островска префектура бележи постојан пораст на бројот на пациенти, а во последните денови темпото се забрзува.

Хокаидо има 63 потврдени случаи на новиот коронавирус, вклучувајќи и два смртни случаи.

Експертите за јавно здравје и вируси изразија загриженост поради случувањата во Хокаидо, велејќи дека се појавиле инфекции за кои не се знае како се пренесени. Централната Влада испрати тим на експерти за да го истражи тоа.

Сузуки информира дека случаите на островот се зголемиле и оти шест лица биле позитивни на коронавирусот, откако биле на изложба во Китами сити, за каде постои сомнеж дека дошло до масовна инфекција.

Во услови на се поголеми критики на јавноста за начинот на кој се справува со кризата, премиерот Шинѕо Абе побара од училиштата во Јапонија да не работат до крајот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот