Професионален готвач открива каква храна никогаш не би порачал за достава во ресторан

помфрит
Помфрит / Фото: Unsplash / Mak Tpai

Еден професионален готвач откри што никогаш не би нарачал за достава од ресторан, пренесува „Инсајдер“.

Помфрит

помфрит
Помфрит / Фото: Unsplash / Joyce Panda

Помфритот најдобро е да се јаде веднаш откако ќе се извади од фритеза. Има многу краток рок на траење. Кога ќе го ставите во картонска кутија, ја губи неговата крцкавост што го прави вкусен.

Јајца

омлет со сланина
Омлет / Фото: Profimedia

Омлет и слични јадења направени со јајца не се добри за достава. Ризикувате да добиете лепливо јадење што никој нема да сака да го вкуси. Најдобро е омлетот сами да го подготвите дома и веднаш да го послужите.

Начоси

начос
Начоси / Фото: Unsplash / Jay Gajjar

Ова јадење е најдобро да се јаде веднаш, бидејќи само тогаш е највкусно – комбинација од крцкав чипс и кремаст свеж прелив. Дури и најцврстите чипсови не можат да ја издржат „тежината“ на салсата, павлаката и гравот за време на транспортот. Наместо свежа храна, ќе добиете каша што не може да се јаде.

Смути

смути овошје и зеленчук
Смути / Фото: Unsplash / Alex Loup

Смутито најдобро е да се пие веднаш откако ќе се извади од блендерот. Додека вашиот пијалок да стигне до вас, може да биде топол и непријатен за пиење.

Пржена храна

пржена храна
Пржена храна / Фото: Unsplash / Clint Bustrillos

Сè што е похувано или пржено ќе ја изгуби својата привлечна крцкава надворешност за време на испораката.

Супи со тестенини

Unsplash
Фото: Unsplash

Тестенините имаат карактеристика да впиваат течност, па ако не ги одделите тестенините од супата, тестенините ќе ја впијат супата и јадењето нема да биде како што сакате.

Лосос

лосос
Фото: Pixabay

Лососот може да се превари за време на транспортот. Ова важи за сè што сакате да јадете свежо, како стек и морски плодови. Преостанатата топлина заробена во кутијата со храна може да го превари вашето омилено јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот