Проф. Миленковски: Светскиот туризам е на работ на пропаѓање, со плаќање на Ковид тест би оделе во уште поголема загуба

Туризмот е една од водечките пет светски гранки која по својата масовност, инфраструктура, повеќеслојност, доживува своевидни „црни денови“. Само првите три месеци од пандемијата за 15% насто се намалени туристичките патувања, а сега таа бројка е далку поголема.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, беше човекот кој го формираше Универзитетот за Туризам и Менаџмент проф. д-р Аце Миленковски.

-Светскиот туризам е на работ на пропаѓање. Универзитетот кој го предводам јас е членка на Светската туристичка организација и редовно добиваме информации. Фрапантни се податоците ако разговараме со бројки. Туризмот во светот сега за сега трпи штета од 30% но пресемтана во американски долари се работи за 3 трилиони штета која се проценува дека туризмот ќе ја претрпи оваа година. Претпоставката е дека ЕУ во рамките на туризмот ќе се занимаваат со себе, на билатерална, евентуално трилатерална основа. Веќе комуницираат на ниво на министри за туризам, или премиери, кој од каде и до каде да се надева на одредена бројка на гости. Ние сме од оваа страна на црвената замислена линија на географската карта., изјави Миленковски.

НАЧИНОТ НА ПРЕВОЗ – АВИОН, ВОЗ, АВТОБУС, АВТОМОБИЛ

Ние ќе заборавиме на ефтините авионски летови. Во оваа, а претпоставувам и наредната година. СЗО и Светската туристичка организација утврдија низа мерки. Сега доколку една карта сме ја купувале за 100 евра сега би ја плаќале помножена со три. Седиштата во авионите треба да бидат поретки, значи авионите нема да смеат да бидат исполнети комплетно. Тоа значи дека економичноста на нивното летање ќе биде сведена на минимум или во загуба. Затоа и грчкиот министер за препорача дека треба да се патува со автомобил, автобус или воз. Но каде сме ние кога се работи за железникиот туризам?

ИМУНОЛОШКИ ПАСОШИ

Сметам дека мерките кои сега се навестуваат, високите туристички дестинации, Грција на пример, ќе мора да ги олабават до максимална точка, бидејќи и така туризмот е во огромна криза. Ако не ги примат и малиот број на туристи и ги затворат на овој начин границите, со плаќање на КОВИД тест би оделе во уште поголема загуба. Така што сметам дека ќе попуштат.

МАКЕДОНСКИОТ ТУРИЗАМ

Покачувањето на цените е редовна појава на ова поднебје. Ако за време на верските празници ви се покачуваат цените на земјоделските прозиводи, очекувано е дека и цените ќе се зголемуваат. Не се надевам дека Холанѓаните ќе доаѓаат. Добри беа договорите кои беа склучени со одредени оператори, но сметам дека сега ќе треба да се потпреме на домашниот гостин и домашниот туризам. За жал во нашата статистика бројката од 1.200 туристи е многу мала како целосна бројка за 2018 година, а од таа бројка имаме само 500.000 домашни туристи. Тоа значи дека нашите туристи најмалку ги корестат хотелиерските капацитети.

ГРЦИТЕ КАКО ИМПУТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ТУРИЗАМ

Грција многу даваше импут на нашиот туризам. Доаѓаа во Гевгелија, Дојран, Битола и користеа стоматолошки услуги, општо здравствен туризам, шопинг, услуги на хотели кои кои при себе имаат казина…Мислам дека тоа ќе продолжи, но со намален интензитет и намалена бројка, во рамките на сите пропишани услови кои што се како препорака и од СЗО и од Светската туристичка организација (СТО).

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ФОРМИ НА ТУРИЗАМ

На туристичкото стопанство секако дека му треба помош од државата и тоа една од првите три препораки на СТО. Претпоставувам дека веќе во ресорното министерство имаат комплетни материјали. Јас не мислам дека организационо е добро поставен туристичкиот бизнис во Македонија. По претходниот систем, од кој што набрзина избегавме и фрлавме дрва и камења, не изградивме структура на организација на туристичкото стопанство во државата. Пример – Ние немам туристичко информативно биро.

Ние сега сме поделени – промоција прави Агенцијата за туризам, а законите ги пропишува Министерството за економија. И ако се обратите зошто државата ја нема платено чланаринатаво СТО (зборам за минатото) и двете институции ќе ви датат ист одговор – тоа не е наша работа, изјави, проф. д-р Аце Миленковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот