Проектот „СЕГА“ кој ќе ја претставува Македонија во Венеција е за човековата идеја за дом и соживот

Македонија на 17-тата Интернационална изложба на архитектура во Венеција ќе биде претставена со проектот на проектантското биро „Бина архитектура“ ДООЕЛ, со наслов „СЕГА“, од авторот Бекир Адеми со група коавтори: Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Амине Адеми, Енис Абовски, Енес Север, Дрен Невзати, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Елмедина Хасани, Нита Чавoли, Аида Бакали Салиху, Ивана Чаловска.

Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директор на Националната галерија на Република Северна Македонија, куратори се Бекир Адеми и Јордан Шишовски, а соработници на проектот се проф. д-р Ферид Мухиќ и Рамуш Муарем.

-Главната цел на проектот беше да се претстави нашето општество, преку една широка група на луѓе, или Македонија во мало. Повеќето сме архитекти, но не сите се бават со архитектонската пракса. Потребни се различни перспективи со цел да се изгради една заедничка визија- изјави Јордан Шишковски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, околу значењето на еден ваков проект.

Темата како таква ни беше интересна, вели Адеми, не само за нашето поднебје, туку тоа е веќе тема на голбално ниво, каде што се потенцирани индивидуализми, економска поделеност на државите на луѓето на општеството и ред други проблеми.

-Помислив дека можеби сега е време да се понуди нешто, оттаму призлезе и самата тема на нашето решение, ако треба да се преземе нешто тоа е проектот „СЕГА“- вели Бекир Адеми.

Инаку во образложението на Комисијата за избор на пректи за Венециското биенале, при Министерството за култура истакнува дека:

Избраниот проект е симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сево ова концептуално открива два аспекта на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архетипизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште. Тимот што ќе го подготви павилјонот е сочинет од архитекти, инженери, графички дизајнери и уметници со различна професионална специјализација и лица со различна етничка провениенција, кои ќе го претставуваат мултиетничкиот карактер на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот